-0.2 C
Скопје
19:13 - 24 ноември, 2024

Поранешниот сопруг на Бритни Спирс ја обвинува: „Децата не сакаат да ја видат со месеци, им се извинив за нејзините разголени фотографии “; Сегашниот сопруг ја брани: „Жена ми наскоро ќе престане да биде гуска што му снесува златни јајца“

Кевин Федерлајн го прекина молкот по речиси 10 години и носи нови откритија за Бритни Спирс, која вели дека е тажна од изјавите на нејзиниот поранешен сопруг

По долги години се враќа „на сцена“ Кевин Федерлајн, поранешниот сопруг на Бритни Спирс, кој има дадено многу изјави за поранешната сопруга во минатото и за односот што нивните деца го имаат со неа. Како што пренесува Дејли Мејлl, Федерлајн објаснува дека Шон Престон и Џејден Џејмс не ја виделе својата мајка со месеци. И изборот бил само нивен. „Тие не ја виделе својата мајка неколку месеци и тоа е нивен избор. Момците решија да не ја гледаат во моментов. Поминаа неколку месеци откако последен пат ја видоа. Тие донесоа одлука да не одат на нејзината свадба, беа среќни за неа, но претпочитаа да не бидат таму“.

Кевин Федерлајн зборува за врската помеѓу Бритни Спирс и нивните деца – Според зборовите на поранешниот танчер, многу дискутираното старателство ѝ го спасил животот на пејачката: „Мислам дека старателството на нејзиниот татко ја спаси. Тој навистина се грижеше за неа, за своето семејство и сакаше се да биде се во ред. Тој ѝ го спаси животот. Им објаснив на моите деца дека на нивната мајка толку многу и треба помош и дека сите ја штитат“.

Потоа, тој ги дискутира  објавите што Бритни ги постира редовно на Инстаграм, на кои често е гола : „Морав да им се извинам на моите деца за последиците што одредени фотографии може да ги имаат во нивните животи. Се обидувам да им објаснам: „Видете, можеби тоа е само уште еден начин на кој вашата мајка се обидува да се изрази“. Но, таа сепак, продолжува да ги објавува тие слики. Тоа е тешко. Не можам да замислам какво е чувството да се биде тинејџер кој мора да оди во средно училиште после сето ова “.

Одговор на Бритни и нејзиниот сопруг Сем Асгари

Одговорот, преку Инстаграм, од страна на пејачката не се чекаше долго. Спирс пишува: „Ме растажува што мојот поранешен сопруг одлучи јавно да зборува за односот помеѓу мене и моите деца. Како што сите знаеме, никому никогаш не му е лесно да се воспитуваат тинејџери. Ме загрижува тоа што причината за се се базира на мојот Инстаграм, а всушност сето тоа започна многу пред Инстаграм. Сè што имав им дадов на моите две деца. Само еден збор: болно“.

принтскрин

Во контроверзноста се вмеша и Сем Асгари, сегашниот сопруг на Бритни, и одговара на Федерлајн: „Да бидам јасен, мојата сопруга никогаш не објавила фотографија без облека на која може да се види се. Сликите што ги постира не покажуваат ништо повеќе од она што може да се види денес во рекламите за гел за туширање или креми за тело. Нема никаква валидност во однос на изјавите на Кевин за навреди за момчињата и неодговорно е тоа јавно да го изнесува. Момчињата се многу интелигентни и наскоро ќе наполнат 18 години и ќе можат слободно да ги носат своите одлуки, можеби разбирајќи дека „тешкиот“ дел од нивниот живот е да имаат татко кој никогаш не се однесувал како пример во сите овие 15 години. Мојата сопруга наскоро ќе престане да биде гуска на Кевин што снесува златни јајца, што веројатно го објаснува времето на неговите навредливи изјави. Не го познавам лично и немам ништо против него, освен што ја обвинува сопругата. Неговата личност беше откриена и при одобрувањето на суровото старателство кое траеше 13 години и неговата лојалност кон Џејми е показател за неговата поддршка за старателството. Секој што го одобрува ова е во грешка или на некој начин добива некаков надомест за тоа“.

Слични објави

(Фото) Вака изгледала Мелина некогаш: Таа имала 21, а Харис 51 година, без ниту една естетска корекција!

Еспресо

(Видео) Се ожени синот на Даниел Поповиќ: И невестата и свекорот се фатиле за микрофонот на веселбата

Еспресо

„Родена сум со 4 помалку…“: Марија Шерифовиќ откри кој недостаток ѝ бил дијагностициран како бебе

Еспресо

Тања Савиќ доби изненадување од Муки по концертот во Белград: Пејачката веднаш се „фрли“ во прегратка на 11 години помладиот дечко

Еспресо

(Видео) 30 години од „К-15“: Миле Паника, Тошо Малерот и Цацко Конопишки славеа во кафеана и еве што порачаа…

Еспресо

Душко Тошиќ има нова девојка: Откриени сите детали за нивната врска и каде парот тајно се гледа

Еспресо
Се вчитува....