22:26 - 9 јануари, 2026

Поранешниот партнер на Пријовиќ открива што мисли за полните Арени: „Не ѝ бев на концерт…“

Александра Пријовиќ на крајот на минатиот месец одржа дури три последователни концерти во белградска арена, а нејзиното поранешно момче, фолк пејачот Љуба Перучица откри што мисли за тоа.

– Не бев таму, но мојата сопруга имаше голема желба да оди. Но, ниту таа не отиде, бидејќи веќе е во поодмината бременост, бидејќи има денови кога се чувствува одлично, а потоа има денови кога попрво би си легнала. На денот кога сакаше да оди на концерт, за жал не се чувствувала добро, па го пропуштила концертот – открил Перучица, а потоа признал зошто самиот не отишол на концертот на поранешната девојка, но и како гледа на успехот на Прија, пренесува српски Курир.

-Работев тие денови, па не можев да одам, но многу ми е драго. Воопшто не се сомневав дека ќе успее. Одамна разговаравме за тоа, таа секогаш ја имаше оваа желба за Арена и не се сомневав дека ќе биде така. Многу сум среќен и честитам што и се исполни желбата и мислам дека ќе постигне големи успеси – ѝ честиташе Љуба на бившата за фантастичниот успех и откри дали се слушнал со моментално најбараната пејачка.

– Не ѝ пратив порака. Не се слушаме, но кога и да се видиме убаво ќе се изнамуабетиме. Така е и до ден денес, никогаш тоа не се промени и навистина ми е драго што успеа – истакна Љуба.

Љуба изјави дека не му пречи што се нашол во центарот на вниманието поради емотивната врска што ја имаше со Александар пред многу години.

– Неодамна некој ме праша на таа тема. Навистина помина многу време, речиси десет години. Таа девојка има свое семејство и свое дете. Еве, имам и јас свое семејство и наскоро ќе имам дете. Уморен сум од уште приказни на таа тема, но знам дека луѓето се заинтересирани да слушнат што би имал да кажам за нејзиниот успех и немам проблем да коментирам – заклучи Љуба, кој со сопругата Катарина одбројува денови до моментот кога ќе станат среќни родители.

 

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....