6.8 C
Скопје
04:46 - 31 март, 2026

Поранешна асистентка на Роберт де Ниро го обвини актерот за сексуална злоупотреба

Откако Де Ниро поднесе тужба против неа во август 2019 година, Робинсон го обвини дека ѝ доделил стереотипни женски работни места.

Роберт де Ниро наскоро ќе се појави пред федералниот суд на Менхетен за да сведочи на големото судење против неговата поранешна асистентка, која го обвини за низа прекршоци кои се движат од родова дискриминација до сексуално вознемирување.

Се очекува 80-годишниот актер да сведочи на првиот ден од судењето против неговата поранешна долгогодишна вработена Греам Чејс Робинсон.

Правната битка меѓу ѕвездата и неговата поранешна вработена започна во 2019 година, кога продукциската куќа на Де Ниро ја тужеше Робинсон за наводно крадење од компанијата, потоа гледање Нетфликс со часови на работно место, но и за грабеж на Де Ниро, каде се наведе дека украла милиони долари. .

Робинсон потагш ја отфрли противтужбата вредна 12 милиони долари, обвинувајќи го Де Ниро за родова дескриминаација за што го обвинуваше Де Ниро, и го обвини за сексуално вознемирување и друго недолично однесување за време на нивната децениска работна релација.

Потоа, Робинсон го обвини Де Ниро и за доделување на стереотипни работни мести затоа што е жена.

Во тужбата се наведува и дека Де Ниро ја натерал да му ја мести масата, да му ја пере постелината и личните гаќи-боксерки, но и да го чеша по грбот, да му ги закопча кошулите и да го буди додека е во кревет.

Инаку, Грам Чејс Робинсон почна да работи за актерот и неговата продукциска куќа Canal Productions во 2008 година. Судењето, кое започна во понеделникот, треба да трае две недели.

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....