5.8 C
Скопје
03:00 - 11 април, 2025

Поради ова на Северина ѝ е одземено старателството! Врховниот суд ја смета пејачката за несовесна мајка

Северина Вучковиќ со денови протестира на социјалните мрежи тврдејќи дека Врховниот суд во Загреб ја поништил одлуката на Жупанискиот суд во Сплит и старателството над нејзиниот син му го дал на таткото Милан Поповиќ.

Сега е откриено зошто судот донел ваква одлука, како и дека на Северина не ѝ е одземено старателството, туку е намален бројот на денови што може да ги помине со синот.

Имено, одлуката на Врховниот суд е наместо малолетниот син да поминува подеднакво време со таткото и мајката, тој во иднина ќе биде со Милан Поповиќ 22 дена, додека со Северина осум дена. Судот ја донесе оваа пресуда поради една од постапките на пејачката, која судиите ја перцепирале како занемарување:

– Ваквата одлука на Врховниот суд дојде единствено затоа што во 2019 година, кога детето беше трето одделение, не одеше на училиште 46 дена, туку беше на турнеја со Северина, па таткото, подоцна, се ангажирал момчето да не ја повторува годината – вели изворот за српски Информер и додава:

– Кога сето тоа го разгледа основниот суд, петмина судии едногласно изгласаа дека нема друга опција. Од друга страна, колку пејачката користи лаги во нејзината кампања покажува и тоа што пратеник вели дека детето на Северина и е одземено, а всушност не ѝ е одземено старателството, туку судот ѝ го намали бројот на денови.  А зошто судот и ги намали деновите на Северина со детето – само затоа што во еден период не го однела детето на училиште 46 дена и затоа Советот од петте судии ја оценил Северина како несовесна мајка – додава изворот.

 

 

Слични објави

(Фото) Тенка половина и бујно деколте: Теа Таировиќ позираше во црвен костим за капење и ја истакна својата фигура

Еспресо

„Ќе бидам во стилот на Лејди Гага“: Маја Николиќ е среќна за новата ортопедска чизма за нејзината скршена нога

Еспресо

(Фото) Пристигна новиот член во семејството на Јована Јеремиќ: Водителката бара предлози за име

Еспресо

Сопругата на Дарко Лазиќ без влакна на јазикот: За неверствата на пејачот и проширувањето на семејството

Еспресо

Сања Кужет отворено за односот со колегите: „Се обидуваа да ме срушат!“

Еспресо

Ема Радујко била со Десингерица пред Гудељ: Раперот остана без зборови кога дозна за нејзината врска со фудбалерот!

Еспресо