10:28 - 12 март, 2026

Поради ова на Северина ѝ е одземено старателството! Врховниот суд ја смета пејачката за несовесна мајка

Северина Вучковиќ со денови протестира на социјалните мрежи тврдејќи дека Врховниот суд во Загреб ја поништил одлуката на Жупанискиот суд во Сплит и старателството над нејзиниот син му го дал на таткото Милан Поповиќ.

Сега е откриено зошто судот донел ваква одлука, како и дека на Северина не ѝ е одземено старателството, туку е намален бројот на денови што може да ги помине со синот.

Имено, одлуката на Врховниот суд е наместо малолетниот син да поминува подеднакво време со таткото и мајката, тој во иднина ќе биде со Милан Поповиќ 22 дена, додека со Северина осум дена. Судот ја донесе оваа пресуда поради една од постапките на пејачката, која судиите ја перцепирале како занемарување:

– Ваквата одлука на Врховниот суд дојде единствено затоа што во 2019 година, кога детето беше трето одделение, не одеше на училиште 46 дена, туку беше на турнеја со Северина, па таткото, подоцна, се ангажирал момчето да не ја повторува годината – вели изворот за српски Информер и додава:

– Кога сето тоа го разгледа основниот суд, петмина судии едногласно изгласаа дека нема друга опција. Од друга страна, колку пејачката користи лаги во нејзината кампања покажува и тоа што пратеник вели дека детето на Северина и е одземено, а всушност не ѝ е одземено старателството, туку судот ѝ го намали бројот на денови.  А зошто судот и ги намали деновите на Северина со детето – само затоа што во еден период не го однела детето на училиште 46 дена и затоа Советот од петте судии ја оценил Северина како несовесна мајка – додава изворот.

 

 

Слични објави

Весна Петрушевска со емотивна објава и поддршка за Димитар Андоновски

msp-admin

Емотивен момент: Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром

msp-admin

Ужасни детали од несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Возачот на автомобилот кој го удрил е приведен

Еспресо

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо
Се вчитува....