3.8 C
Скопје
01:58 - 26 март, 2026

Попоски: Во Европа се очекува првиот силен топлотен бран до 40 степени, а еве како ќе биде времето кај нас

– Додека ширум Европскиот Континент, Балканот, вклучувајќи ја и Македонија во текот на следната седмица повторно очекуваме температури кој ќе бидат под просекот за овој период од годината и врнежливо време, а на планините очекуваме и нов снег, во Шпанија  ќе пристигне и првиот изразен топол Африкански бран за оваа сезона.

Шпанија следната седмица ќе биде зафатена од СИЛЕН ТОПЛОТЕН бран од Африка и ќе услови невообичаено високи температури на воздухот.

Во многу предели од оваа држава температурите ќе надминуваат 30 степени, додека понекаде истите ќе достигнуваат дури и до близу 40 степени.

На следната нумеричка карта можете да ги погледнете очекуваните највисоки температури во Шпанија за време на изразениот топлотен Африкански бран во текот на следната седмица:

Најизразен овој топлотен бран ќе биде на југот од Шпанија.

Ние во нашиот дел од Европа ќе си почекаме за вакви температури. Нема најава за Африканска топлина, барем според последните направени анализи.

Според оваа карта, најголем дел од Европа и Балканот следната седмица ќе имаат студено време, особено наутро кога се очекува и појава на мраз и тоа околу 26/27 април. Ќе биде присутен и северниот ветер, кој повремено ќе биде и ЗАСИЛЕН на интензитет.

Барем одсега гледано, и за прво мајските празници ќе имаме многу нестабилно време со чести врнежи – вели метеопрогнозерот Попоски.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

(Фото) Парите само си течат: Откриено од што заработува 10 години постарото момче на Уна Чолиќ

Еспресо

„Денес се големи ѕвезди а живеат од мои песни“: Ша „удри“ по колегите

Е.А.

Вистинската приказна зад филмот „Грешници“ – еден од главните ликови навистина постоел, а неговиот живот и смртта и денес се мистерија

Еспресо

Мина Наумовиќ не се враќа во „Амиџи шоу“: Откриено зошто не сака да соработува со сопругот

Е.А.

(Видео) „За нашиот Маринко“: Огњен Амиџиќ ја исполни големата желба со нова песна – се слуша и гласот на Маџгаљ

Еспресо

Како настанала песната „Загрли ме“ на Здравко Чолиќ? Се појави снимка со Арсен Дедиќ од пред половина век

Еспресо
Се вчитува....