02:42 - 15 ноември, 2026

Попоски: Топол африкански бран со температури до 40 степени, но доаѓа ново невреме

– Под влијание на многу топла воздушна маса од југ (северна Африка), денес, како и во следните денови времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло. Ветерот од северен и од североисточен правец полека ќе го намалува својот интензитет.

Сепак во попладневните часови постојат услови за изолирана појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град.

Нестабилноста проследена со врнежи и грмежи ќе биде се поголема и ќе ја има на повеќе места од четврток па натаму, кога ќе има и појава на локално невреме.

Температурите насекаде ќе надминуваат 30 степени, понекаде тие ќе се искачат и до 35 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе достигне до 40 степени.

Ув индексот ќе има многу висока вредност (вредност 8).

Во Скопје исто така температурата ќе надминува 35 степени, но во следните денови во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и силен ветер. – вели метеопрогнозерот Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

(Фото) Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ повторно се следат на Инстаграм

Еспресо

Саша Матиќ има мултимилионски недвижности: Поседува вила од 18 век вредна 2 милиони евра, стан во Дипломатското село и во Златибор, а има и бизнис вреден 35 милиони

Еспресо

Голема прослава во домот на Дадо Полумента: планира свадба следната година, а сега се огласи за посебен повод

Еспресо

Поранешниот свекор на Сузана Јовановиќ откри детали од нејзиниот прв брак: „Се зедоа по само петнаесет дена, но несогласувањата брзо излегоа на површина“

Е.А.

Новогодишни хонорари на балканските ѕвезди: Здравко Чолиќ и Цеца на врвот на листата за најлудата ноќ

Е.А.

Бресквица со емотивна објава за новиот партнер: „Ти дадов збор дека ова е засекогаш“

Е.А.
Се вчитува....