19:40 - 13 ноември, 2026

Попоски: Следува уште потопло време, можно е уривање на температурни рекорди, еве кога

– Поради екстремно високите температури на воздухот кој ја зафатија нашата држава, но и целиот регион и поголем дел од европа, ние како најголем метеоролошки медиум во Македонија, решивме да издадеме црвен метеоаларм за оваа недела.

Продолжува сушното и екстремно топло време и оваа недела. Температурите во најголем дел од државава ќе надминуваат 35 степени, додека на повеќе места тие ќе се искачуваат до околу, а во најтоплите централни и југоисточни предели и над 40 степени (односно до 43 степени под сенка). Кон крајот на неделава можно е да имаме температури дури и до околу, па и над 45 степени (под сенка). Можно е рушење на температурни рекорди. Исто така и ноќите ќе бидат “Тропски”, што значи дека температурите на повеќе места нема да се спуштаат под 20 степени.

Ув индексот во текот на целата недела ќе има екстремно висока вредност (вредност 10). На граѓаните ги советуваме без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), но и да пијат што повеќе течности, и секако да избегнуваат работа директно на сонце.

Температурата во Скопје особено кон крајот на неделава ќе се искачува до 40 степени, а според сегашните анализи и во Скопје се можни температури од над 40 степени.

НАПОМЕНА: Горе наведените максимални температури на воздухот ќе се мерат под сенка, додека на сонце тие ќе бидат многу повисоки (локално над 50 степени, понекаде дури и до околу 60 степени на сонце).

Ектремно топло време имаме во цела јужна и југоисточна европа – вели метеопрогнозерот Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.
Се вчитува....