12:15 - 3 април, 2026

Попоски предупредува на ново невреме и пад на температурите

– Утре попладне особено во западните предели од Македонија, а во среда и на многу места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради зголемената енергија во Атмосферата, повторно локално ќе има појава на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, значително количество на воден талог за релативно кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и со услои за појава на град. Локално градот би можел да биде покрупен.  Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени.

Во Скопје  и околината исто така особено во среда попладне ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Максимумот на температурата во Скопје деновиве ќе се искачи до околу 33 степени.

За време на викендот, и тоа под влијание на посвежа воздушна маса од север, ќе дува засилен ветер од северен правец и истиот ќе услови пад на температурите на воздухот.

Поради очекуваниот нов бран на врнежи, грмежи и локално невреме, утре попладне, а особено во среда апелираме граѓаните да бидат крајно претпазливи – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо
Се вчитува....