8.8 C
Скопје
11:37 - 1 април, 2026

Попоски предупредува на голема претпазливост – ИЗРАЗЕНО НЕВРЕМЕ, еве кога (и во Скопје)

– За време на овој викенд бидете КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и тоа поради очекуваната нестабилност на повеќе места низ Македонија. Истата ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на ПОИЗРАЗЕНО НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд кој може да услови локални поплавувања, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град.

Во Скопје и околината исто така се очекува нестабилност, а има услови и за појава на НЕВРЕМЕ. Температурите како што веќе и претходно кажавме ќе бележат тенденција на ОПАЃАЊЕ и истите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

НАПОМЕНА: Сето ова е поради влажната и нестабилна воздушна маса која од запад ќе ја зафати Македонија. Локално ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог. Стабилизација на времето и постепен пораст на температурите ќе има од понеделник па натаму. НАПОМЕНА: Викендов во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен ветер препорачуваме своите автомобили да не ги ставате во близина на дрвјата, со цел да не дојде до некоја несакана штета, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....