15:05 - 3 април, 2026

Попоски најавува нов топлотен бран, најверојатно последен за ова лето

– Како што претходно најавивме, нашата територија, но и целиот балкан во текот на следната седмица ќе биде зафатен од најверојатно последниот топол африкански бран за ова лето. Овој топлотен бран нема да донесе екстремно високи температури на воздухот. Ув индексот сепак ќе има многу висока вредност (вредност 8).

Времето во Македонија, како и во целиот регион ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со северен ветер кој повремено ќе биде засилен на интензитет. Сепак повремено има услови за изолирана попладневна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурите на многу места ќе надминуваат 30 степени, или до околу 35 степени најмногу ширум регионот. Во Македонија исто така на повеќе места очекуваме температурата да надмине 30 степени, особено од средината на следната седмица. Во најтоплите централни и југоисточни предели како и обично се очекуваат највисоки температури (тие ќе се искачат до околу 37, 38 степени).

Овој топлотен африкански бран кој доаѓа е далеку послаб од првиот, кој беше екстремно топол, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.
Се вчитува....