16:42 - 6 април, 2026

Попоски најавува НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ температури и до 20 степени

– Во текот на новата седмица, поточно од утре па во деновите потоа нашата територија ќе се наоѓа под влијание на ИЗРАЗЕНО ЈУЖНО воздушно струење и циклонска активност од запад. Ќе дува ЗАСИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец а ќе има и повремени врнежи од дожд. Истите повремено и локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ.

На планините над 1700 м.н.в ќе има врнежи од снег, и тоа особено во западните предели. Температурите како утринските, така и максималните дневни ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ и ќе бидат НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ за овој период од годината и максималните дневни температури речиси насекаде ќе се искачуваат над 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат до околу 20 степени.

Да напоменеме дека за време на оваа циклонска активност, локално ќе има услови и за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и силен јужен ветер, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

(Видео) Дакота Џонсон разменува страсни бакнежи со новиот дечко

Еспресо

Почината познатата хрватска актерка Марија Крпан, ја паметиме по улогата во „Изборот на Лара“

Еспресо

(Фото) Ѝ се исполни желбата на мајката на Спенџарска, Лила е заслужна

msp-admin

(Фото) Сања Николиќ во необично издание, Слаткар ја „улови“

msp-admin

Азис повторно е сингл? Мистериозното исчезнување на „американскиот хирург“ ги подгреа сомнежите дека бракот бил навистина лажен

E.A.

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin
Се вчитува....