04:45 - 7 април, 2026

Попоски најавува невообичаено високи температури!

– Во текот на оваа седмица и понатаму нашата територија ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ. Времето ќе биде сончево, повремено со мала локална облачност. Во утринските часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла, додека во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Наутро ќе биде потопло со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 11 степени, додека максималните дневни и понатаму ќе бидат НЕВООБИЧАНО ВИСОКИ за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени.
Во Скопје и околината продолжува стабилното, суво и претежно сончево време. Во утринските часови низ котлината ќе има услови за појава на магла додека во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Наутро температурата ќе се спушта до околу 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 24 и 25 степени, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....