04:39 - 3 април, 2026

Попоски најавува краткотраен африкански бран, па пак дождови, еве кога

– Топлотниот Африкански бран кој не зафати, нема долго да трае и истиот нема да ни донесе екстремно високи температури на воздухот. Температурите на воздухот овие денови на повеќе места ќе се искачат до околу, па и над 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе достигнат до околу 35 степени.

Меѓутоа, Атмосферата во следните денови се повеќе и повеќе ќе биде нестабилна, па најпрвин во планинските региони ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Особено МНОГУ НЕСТАБИЛНО повторно ќе биде за време на викендот и на многу места ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради МНОГУ ЗАГРЕАНАТА Атмосфера, и исполнета со МНОГУ ЕНЕРГИЈА, на повеќе места ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, ГОЛЕМО количество на воден талог за кратко време, силен ветер, силни и чести електрични прзнења, како и со појава на град  (дури можно е истиот да биде од поголема величина).

Да напоменеме дека за време на викендот повторно постои опасност од појава на ЛОКАЛНИ ПОПЛАВИ, како и излевање на некои од реките низ Македонија.

Ако вака останат работите, за време на викендот ќе биде особено КРИТИЧНО, БУДНО се следи состојбата и развојот на времето, утре следуваат најнови информации околу ова ново ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ кое доаѓа за време на викендот – вели метеопогнозерот Славчо Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....