7.8 C
Скопје
00:33 - 31 март, 2026

Попоски најавува кога пак ќе има интензивни врнежи, не излегувајте без чадор!

– Денес и утре во Македонија следува преодно стабилизирање на времето, но сепак времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и ќе биде малку потопло за разлика од изминатите денови. Температурите наутро насекаде ќе останат позитивни, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 12 степени.

Од недела па натаму следува нов период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд од локален карактер.

Услови за врнежи од снег ќе има само на највисоките планински места а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец и истиот во недела ќе засилува на интензитет, особено долж Повардарието. Врнежите кој се очекуваат во недела, како и следната седмица повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ.

Во Скопје денес и утре времето ќе биде постабилно и релативно суво. Односно ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Од недела па во текот на следната седмица растат условите за повремени врнежи од дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 10 и 11 степени. НАПОМЕНА: Денес и утре по одделни котлини ќе има појава на магла и на ниска облачност, со што видливоста ќе биде намалена. Токму поради ова на возачите им препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ додека управуваат со своите автомобили – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....