08:35 - 6 април, 2026

Попоски најавува кога ќе има стабилизирање на времето по серијата дождови

– Поради влијанието на циклонската активност од запад, поточно над Џеновскиот залив, времето во Македонија до крајот на оваа недела ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен, повремено и со умерен интензитет.

На планините и тоа особено утре со надморска височина од над 1300 метри ќе врне снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Преодно стабилизирање на времето ќе има на самиот почеток од следната седмица.

Температурите и во следните денови ќе бидат без поголеми промени.

Во Скопје и околината и понатаму ќе има појава на повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе бидат без поголеми промени – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....