6.6 C
Скопје
04:09 - 1 април, 2026

Попоски: Дождовите продолжуваат, невреме и услови за поројни поплави

Под влијание на ГОЛЕМА влажна и нестабилна воздушна маса од југоисток, и во следните десет денови времето во Македонија ќе биде МНОГУ НЕСТАБИЛНО, во попладневните часови со честа појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради големата енергија во Атмосферата, локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ, и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог за кратко време, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Токму поради ова АПЕЛИРАМЕ граѓаните и понатаму во случај на појава на НЕВРЕМЕ  да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.

Локално и во следните десет денови ќе наврне ГОЛЕМО количество на воден талог, со што постојат услови и за локални ПОРОЈНИ ПОПЛАВИ.

Во Скопје  и околината исто така продолжува МНОГУ НЕСТАБИЛНОТО време, со честа појава на попладневен локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на НЕВРЕМЕ во делови од котлината.

Температурите и во следните десет денови нема многу да се менуваат и ќе се искачуваат во интервалот претежно од 21 до 28 степени, а ќе има и денови кога ќе бидат малку пониски. Нема никаква најава за првиот поизразен топлотен африкански бран, и за истиот и понатаму ќе се изначекаме – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....