08:20 - 7 април, 2026

Попоски: Доаѓа топло време, но ќе има и дожд, еве кога

– Во следните неколку денови, вклучувајќи го и викендот во Македонија ќе имаме ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО време, и тоа поради продор на уште потопла воздушна маса од југ. Температурите насекаде ќе надминуваат 15 степени, на повеќе места истите ќе се искачуваат и до околу 20 степени, а во централните и во југоисточните предели и до околу 23, 24 степени.

Времето и понатаму ќе биде променливо, во претпладневните часови со повеќе сончеви периоди, додека од пладневните часови ќе има појава на повремени локални врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат ПОРОЈНИ и проследени со појава на грмежи, засилување на ветерот, а има услови и за ретка појава на суградица и на град. Особено во вечерните и ноќните часови во западните и северозападните планински и највисоки врвови можна е појава и на КРАТКОТРАЈНИ ВРНЕЖИ ОД СНЕГ.

Во Скопје  и околината исто така времето ќе биде променливо со повеќе сончеви периоди во претпладневните часови. Од пладневните часови ќе има услови за повремен локален дожд, ретки грмежи и засилување на ветерот во зоната на нестабилноста. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 17 и 19 степени – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

Слични објави

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо

Дара Бубамара за хејтерите: „Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб“

Еспресо

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.
Се вчитува....