23:32 - 5 април, 2026

Попоски: Доаѓа потопло и постабилно време, па пак серија дождови, еве ја прогнозата

– Од утре до четврток времето во Македонија ќе биде ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТАБИЛНО и ПОТОПЛО и тоа поради продор на потопла воздушна маса од југ. Ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди, сепак не се исклучува можноста за сосема слаб локален дожд. Ќе дува северен и северозападен ветер и истиот особено Долж Повардарието и во источните предели повремено ќе биде ЗАСИЛЕН на интензитет.

Температурите, како минималните утрински, така и максималните дневни ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ. Наутро истите ќе бидат на многу места над нулата, а максималните дневни температури речиси насекаде ќе надминуваат 15 степени, додека во централните и во југоисточните предели температурите ќе се искачат до околу 22, 23 степени.

Сепак од петок, па за време на најголемиот Христијански празник, Воскресение Христово – Велигден повторно ќе имаме облачно и врнежливо време. Локално ќе биде и нестабилно со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Можна е појава на локално НЕВРЕМЕ, а температури повторно ќе се намалат, со што на највисоките планински места во Македонија повторно ќе се создаваат услови за нови врнежи од СНЕГ.

Се на се, барем одсега гледано, Велигден ќе го поминеме во знакот на врнежливо време и со пониски температури. Сепак официјална метео анализа околу ова следува овие денови – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

 

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....