5.8 C
Скопје
05:38 - 1 април, 2026

Појавувањето во јавност на принц Хари и Меган Маркл ќе биде ограничено на крунисувањето (ако присуствуваат)

Меган Маркл и принцот Хари ќе имаат ограничен број „јавни средби“ на крунисувањето на кралот Чарлс III, се разбира доколку го потврдат своето присуство на важниот настан, бидејќи Бакингемската палата сака сите очи да бидат вперени во неговото височество Чарсл Трети. Информациите доаѓаат од кралскиот експерт Кристин Рос, објавено во британски Експрес.

„Се сомневам дека војводата и војвотката од Сасекс ќе присуствуваат на крунисувањето, но доколку присуствуваат, комитетите за кралско планирање ќе се погрижат кралот Чарлс III да остане во центарот на вниманието. Платинскиот јубилеј беше добар пример за тоа како да се балансира присуството на војводата и војвотката наспроти нивното нограничено присуство во јавноста“, рече Рос.

Според експертот, тоа значи дека Меган Маркл и принцот Хари најверојатно ќе бидат надвор од очите и вниманието на јавноста за јавноста да се фокусира на кралот. Крунисувањето ќе се случи во Вестминстерската опатија на 6 мај.

„Очекувам да ги гледаме што е можно помалку, бидејќи фокусот треба да биде на кралот, а не на тековната драма со неговиот најмлад син“, додаде Кристин Рос.

Војводата и војвотката од Сасекс добија покани за настанот, на која се уште не одговориле. Доколку одговорат позитивно, Бакингемската палата ќе ја предложи и нивната улога на церемонијата.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....