13.8 C
Скопје
15:58 - 23 март, 2026

Под кирија во еден, па во друг стан: Јелена Спенџарска раскажа за мачниот период

Водителката Јелена Спенџарска раскажа за турболентниот период кога многу често морала да се сели и да го менува домот.

Таа го покажа новиот стан и во детали раскажа како ужива во него и како го средувала.

„Домот е таму каде што е срцето. Знам, звучи клише, ама навистина е така. Јас барем сменив многу домови низ годините. И знаете како е, под кирија во еден стан, па во друг и едноставно чувствувате дека не припаѓате таму. Па, од искуство точно знаев каков сакам да биде тој мој дом еден ден кога ќе си го купам. И кога тој ден дојде, некако како јас да си дојдов на себе.

Фото/Инстаграм

Си најдов мир, олеснување. Пополека почнав да создавам простор каде не треба да брзам, не треба да глумам. Овде уживам во своето кафе, во своите книги. Овде не правам ништо, а правам сè што ме исполнува. Си создадов катче кое е толку многу слатко, удобно, топло, што многу често немам ни потреба да го напуштам, искрено“, рече Јелена во видеото на Инстаграм.

Фото/Инстаграм

„Домот не го прават ѕидовите, го прават нашите избори“, рече водителката која во еден период живееше во Солун.

Слични објави

(Фото) Ден низ неговите очи: Ивона Јо на романтично патување со сопругот

Еспресо

(Фото) Катарина Лазиќ покажа како изгледа денот во семејниот дом по трагедијата

Еспресо

(Видео) Сузана Гавазова: „Јас ја имам главната моќ дома“

Еспресо

Бундите ги чувала во фрижидер, сега ги распродава чевлите! Сека Алексиќ направила „чистка“ на плакарот

Еспресо

Се омажив млада и не сакав да пеам дур не порасне синот: Даниела Темелковска со емотивна приказна

Еспресо

Маја Николиќ го покажа пластичниот веренички прстен: „Не ми требаат дијаманти…“

Еспреси
Се вчитува....