14:49 - 3 април, 2026

Почина ѕвездата на популарното реално шоу на Нетфликс: „Нè научи животот да не го сфаќаме премногу сериозно“

Ана Шеи, ѕвездата на ријалити серијата на Нетфликс „Блинг Емпајар“, почина откако претрпе мозочен удар, потврди нејзиното семејство во изјава за Си-Ен-Ен. Таа имаше 62 години.

– Тажни сме поради објавата дека почина Ана Шеи, сакана мајка, баба, харизматична ѕвезда и нашиот најсветол сончев зрак. Ана не научи на многу животни лекции за тоа да не го сфаќаме животот премногу сериозно и како да уживаме во пофините работи. Засекогаш ќе ни недостасува нејзиното влијание врз нашите животи, и никогаш нема да ја заборавиме – се вели во соопштението.

Шеи првпат се појави во „Bling Empire“ во 2021 година, кога имаше премиера на реалното шоу, а се појави во втората и третата сезона.

„Bling Empire“ ги следеше животите на богатата азиска и азиско-американска елита од Лос Анџелес.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.
Се вчитува....