19:13 - 6 ноември, 2026

(Видео) Дали би се возеле во летечко такси?

Дали би се возеле во летечко дрон – такси? Израелските власти ги започнаа првите пробни летови на т.н такси-дронови како дел од својата Иницијатива за беспилотни летала (INDI), со цел да се овозможи превоз на патници и товар со овие летала во иднина.

Овој двегодишен пилот проект има за цел да создаде национална мрежа на дронови кои ќе се користат за превоз на патници, пишува израелски 24 вести.

Главната цел на проектот е да се овозможи брз и ефикасен транспорт на патници и товар и да се намали метежот на патиштата низ Израел. Исто така, проектот има за цел да ги подобри комерцијалните и јавните транспортни услуги.

Министерот за транспорт Мири Регев истакна дека ова е прва иницијатива од ваков вид во светот која има широк и мултидисциплинарен пристап за тестирање на новите технологии, вклучувајќи го и транспортот на товар, а подоцна и на луѓе.

Проектот, исто така, ги истражува сите аспекти, вклучително и законодавството, кои ќе бидат потребни за комерцијалното работење на беспилотните летала. Втората фаза од израелскиот проект за летечки такси започна во јануари и вклучуваше инвестиција од околу 60 милиони долари во развој на инфраструктура за беспилотни летала.

„Националниот проект за развој на беспилотни летала планира да тестира и активира десетици беспилотни летала чии перформанси ќе се анализираат еднаш неделно. Израел е еден од светските лидери на ова поле, а експериментот спроведен во понеделникот претставува важна пресвртница во оваа иницијатива.“ според израелски 24 вести.

Со цел беспилотните летала безбедно да летаат низ воздушниот простор, INDI планира да воспостави надзор на воздушниот простор за беспилотни летала, кој ќе функционира на сличен начин како постоечката контрола на летање.

Слични објави

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.
Се вчитува....