8.8 C
Скопје
11:06 - 1 април, 2026

Почина Том Сајзмор: Со него беше семејството, почина во сон

Актерот Том Сајзмор (Сајзмор) почина синоќа во болницата во Лос Анџелес, каде што беше сместен откако беше пронајден во несвест во неговиот дом на 18 февруари. Имаше аневризма на мозокот и беше во кома од која не се разбуди. Актерот почина на 61-годишна возраст.

Неговиот агент ја потврди смртта за американските медиуми.

– Со голема тага морам да потврдам дека Томас Едвард Сајземор почина мирно во сон во Св.Џозеф Хоспитал Барбанк- изјави менаџерот Чарлс Лаго.

Во моментот на неговата смрт, Сајзмор бил придружуван од неговиот брат Пол и синовите на Том, близнаците Џејден и Џегер.

– Тој беше поголем од животот и моја вечна инспирација – рекол братот Пол.

Сајзмор во кариерата имаше повеќе од 230 улоги, а најпознати му се во филмовите „Родени убијци“, „Жештина“, „Спасување на војникот Рајан“, „Падот на црниот јастреб“, „Перл Харбор“. .

Тој беше проблематичен и под обвиненија за сексуална злоупотреба, семејно насилство врз неговата партнерка Хајди Флеис во 2003 година, а со години се бореше со зависноста од дрога.

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....