8.8 C
Скопје
19:28 - 30 март, 2026

Почина познатиот британски режисер Мајк Хоџис – ќе го паметиме по еден трилер

Британскиот режисер Мајк Хоџис, познат како режисер на еден од првите филмови во кои беа екранизирани стрип-хероите „Фалш Гордон“ од 1980 година, почина во 90-та година од животот, објави неговиот продуцент.

Хоџис починал во саботата во својот дом во Дорсет, на југоистокот од Англија, соопшти во средата неговиот продуцент и близок пријател Мајк Каплан истовремено за британскиот дневен весник The Guardian и за американското списание за култура Thee Variety.

Работата на Хоџис главно беше насочена на познатите британски гангстерски и детективски филмови, а првиот голем филмски успех во светот го оствари со „Get Carter“ од 1971 година, со сер Мајкл Кејн во насловната ролја. Со Кејн го сними и филмот „Pulp“ од 1972 година со кој светски се прослави британскиот актер.

Филмот „Фалш Гордон“ е неговата филмска адаптација на истоимениот стрип во кој глумеа тогашните европски атрактивни филмски ѕвезди Орнела Мути и Макс фон Сидов.

Филмот чиј продуцент беше славниот Дино де Лаурентис кој речиси деценија го разгледувал проектот, беше едно од најраните високобуџетни остварувања за кои наменски беше направен музика од рок-бенд, односно од легендарната група Queen.

Последниот филм трилер-дрмата „Само смртта може да нѐ запре“ (со оригинален наслов I’ll Sleep When I’m Dead) со Клив Овен и Шарлота Ремплинг го режираше во 2003 година.

 

Слични објави

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.
Се вчитува....