9.8 C
Скопје
18:02 - 30 март, 2026

Почина познатиот актер од серијата „Беверли Хилс“: Имаше 58 години, играше рамо до рамо со тешко болна актерка

Американскиот актер Дејвид Гејл, на нашата публика најпознат по улогата во култната серија „Беверли Хилс 90210“, почина на 58-годишна возраст.

Тажната вест ја потврдија неговиот долгогодишен пријател Питер Фериеро, како и неговата сестра Кејти Колменарес. Сепак, причината за смртта на актерот не е јавно објавена.

“Едвај да има ден во мојот живот кога не си бил покрај мене. Секогаш мој лидер, мој најдобар пријател, подготвен да се соочи со се и секого. Секогаш ќе те чувам толку цврсто во срцето секој ден”, напишала Кејти на Инстаграм.

Во серијата „Беверли Хилс 90210“, која ги одбележа 90-тите години на минатиот век, тој го толкуваше ликот на Стјуарт Карсон, кој накратко беше свршен со Бренда Волш, ликот кој го толкуваше Шенон Доерти. Шенон пак, со години се бори со тумор, а неодамна откри дека состојбата ѝ се влошила.

Гејл беше познат и по улогата на др. Џо Сканлон за време на две сезони на „Порт Чарлс“. Последен пат се појави на големите и малите екрани во 2008 година во филмот „The Belly of the Beast“.

Слични објави

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо
Се вчитува....