Аактерката Робин Бернард почина на 64-годишна возраст. Најпозната е по улогата во хит-сапуницата „Општа болница“.
Нејзиното тело беше пронајдено во вторникот наутро во „поле зад продавница“ во Сан Хасинто, Калифорнија, според соопштението за печатот од Канцеларијата на шерифот на округот Риверсајд.
Актерката, која ја играше Тери Брок во серијата која траеше со години, беше прогласена за мртва во 04:08 часот. Судскиот вештак ја идентификувал Робин користејќи ги нејзините отпечатоци од прсти откако ја повикал полицијата за истрага за смртта, според порталот ТМЗ.
Обдукцијата е во тек, но резултатите од токсикологија би можеле да потраат со недели.
Полицијата не ја третира нејзината смрт како сомнителна.