5.8 C
Скопје
00:02 - 8 март, 2026

Почина актерката Меги Смит, ја глумеше професорката Мекгонагал во Хари Потер

Британската актерка Меги Смит почина на 89-годишна возраст, пишува Гардијан повикувајќи се на изјава од нејзините синови.

Актерката почина во раните утрински часови на 27 септември во лондонската болница Челзи и Вестминстер.

„Ја ценеше својата приватност, на крајот од животот беше со пријателите и семејството. Остави зад себе два сина и пет внуци вљубени кои длабоко тагуваат поради загубата на нивната извонредна мајка и баба“, се вели во соопштението на синовите на актерката, Крис Ларкин и Тоби Стивенс.

Меги Смит е родена во 1934 година, а својата театарска кариера ја започна на 17-годишна возраст на сцената на Playhouse во Оксфорд. Во 1956 година, Смит го имаше своето деби на Бродвеј, а потоа и на екранот. Првата забележителна филмска улога на актерката беше во трилер кој и донесе номинација за БАФТА.

Во раните 1960-ти, познатиот британски актер Лоренс Оливие ја покани Меги Смит да се приклучи на трупата на Кралскиот национален театар. Набргу потоа, актерката ја доби својата прва номинација за Оскар за улогата на Дездемона во филмската адаптација на театарската продукција на Отело.

Меги Смит е препознаена како една од најважните британски сценски актерки, со успешна кариера во текот на животот. Меѓу најпрепознатливите заслуги на Смит на филмското платно во последните децении се улогите на професорката Минерва Мекгонагал во епот за Хари Потер и грофицата Вајолет Кроули во ТВ серијата Downton Abbey.

Меги Смит има освоено два Оскари, пет награди БАФТА, три награди Златен глобус, четири награди Еми, пет награди на Здружението на актерите и една награда Тони. Смит е една од 14-те актерки кои освоија врвни награди за сценска, филмска и телевизиска работа. Во 1990 година, кралицата Елизабета Втора и ја додели на актерката почесната титула Дама.

Слични објави

(Фото) Тигар и Јована Јеремиќ се свршија: Водителката го покажа дијамантскиот прстен

Еспресо

Oткриено е колкава пензија зема легендарната Сузана Манчиќ

E.A.

Што да НЕ подарите за 8 Март?

Еспресо

„Конечно тргнуваме дома“: Марко и Луна најдоа начин да се вратат од Малдивите!

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо

Маслиново масло и лимон – природна магија за блескави дрвени подови

Еспресо
Се вчитува....