3.8 C
Скопје
00:25 - 13 март, 2026

„ПОБАРАЈ ВЕДРО НЕБО“: Маријана со трогателна порака се испрати со Тоде Новачевски

По тешко и долго боледување од рак на белите дробови на 66-годишна возраст почина Тоде Новачевски, еден од најдобрите македонски композитори и поранешен сопруг на пејачката Маријана, од популарното дуо, Маријана и Росана

Новачевски беше синоним за најпопуларниот сестрински дует кај нас и песната „Признавам“, испеана од Маријана и Росана. Песната првпат е изведена во октомври 1989 година на „Макфест“. Тој повеќе децении беше во брак со Маријана, а минатата година откри дека веќе две години се бори со карциномот, но зборуваше и за подемите и падовите во бракот со Маријана и разводот.

На социјалните мрежи, пријателите, обожавателите и колегите се простуваат од Тоде, а во нив е и поранешната сопруга, Маријана која сподели трогателна објава на „Фејсбук“.

„Рековме ЗБОГУМ. Сакам песно моја да те испеам, сета болка своја, како солза да ја слеам… Одлетај песно моја моја гулабице, побарај ведро небо за мојот бол на срце… Почивај во мир Тоде мој… таму некаде каде болки и премрежја не постојат.“

ПОЧИНА ТОДЕ НОВАЧЕВСКИ: Авторот кој ги создаде најубавите композиции за Маријана и Росана

Слични објави

Фаталната Славонка со жешките фотографии откри дека нешто се крчка

Еспресо

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо
Се вчитува....