15:05 - 6 април, 2026

По фрлената бомба, семејството на Здравко Чолиќ не излегува од куќата – други им носат храна!

Пред вилата на познатиот поп-пејач Здравко Чолиќ на белградската населба Дедиње ноќеска била фрлена експлозивна направа, по што настанала материјална штета во непосредната околина. За среќа, во инцидентот нема повредени лица.

Новинарска екипа која се најде на лице место неколку часа по експлозијата забележа дека во дворот и околу куќата имало искршено стакло и видливи траги од ударниот бран. Оштетена е и стаклена ограда на соседна куќа, како и прозорци на автомобил паркиран во близина.

Според информациите од терен, семејството на Чолиќ не ја напуштало вилата во текот на денот, а во попладневните часови биле забележани лица кои им носеле храна. Во куќата имало и раздвижување на персоналот, кој се менувал додека траело расчистувањето на штетата.

Здравко Чолиќ во моментот на инцидентот не се наоѓал во Белград. Како што потврди самиот, тој моментално престојува во Загреб, каде што работи на завршните подготовки за својот нов музички албум.

– Во моментот сум надвор од земјата. Се наоѓам во Загреб, каде што ги довршувам последните песни за новиот албум. Во Белград, најважно е што сите се добро, фала му на Бога. Ги разбирам медиумските интереси, но сакам да нагласам дека дел од информациите беа интерпретирани на начин што не одговара на реалната состојба. Увидот е во тек и го очекуваме официјалниот полициски извештај – изјави Чолиќ.

Надлежните институции спроведуваат истрага, а повеќе детали се очекуваат по завршувањето на увидот.

Слични објави

Почината познатата хрватска актерка Марија Крпан, ја паметиме по улогата во „Изборот на Лара“

Еспресо

(Фото) Ѝ се исполни желбата на мајката на Спенџарска, Лила е заслужна

msp-admin

(Фото) Сања Николиќ во необично издание, Слаткар ја „улови“

msp-admin

(Видео) „Да полудам“, нов хит на „Браво бенд“

msp-admin

Азис повторно е сингл? Мистериозното исчезнување на „американскиот хирург“ ги подгреа сомнежите дека бракот бил навистина лажен

E.A.

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin
Се вчитува....