Пејачката Александра Радовиќ, која своевремено беше дел од жирито на музичкото натпреварување „Пинкови ѕвезди“, отворено го кажа своето мислење за емисијата, но и за сè поголемиот број школи за пеење и луѓе кои се претставуваат како ментори. За нејзините ставови, како и за пораките што ги упати во врска со образованието, културата и знаењето.
Радовиќ смета дека образованието, културата и познавањето на темата за која се зборува се особено важни во музиката, а уште повеќе кога станува збор за работа со млади таленти.
Пејачката не го криеше разочарувањето од музичкото натпреварување во кое и самата некогаш учествуваше како членка на жирито. Таа објасни дека сакала да направи разлика и да им покаже на младите дека талентот не е единственото нешто што е важно.
„Овие Пинкови ѕвезди се целосно промашување. Јас таму сакав некаде да направам разлика и да им покажам на младите дека е важно да се биде образован, културен и дека е важно за некоја тема да се зборува со одредено предзнаење“, изјави Александра.
Освен за телевизиското натпреварување, Радовиќ зборуваше и за сè поголемиот број школи за пеење, како и за луѓето кои себеси се нарекуваат ментори. Според неа, денес многумина си дозволуваат да отворат школа или да се претставуваат како стручни лица, без притоа доволно да се разбира што навистина подразбираат овие улоги.
„Кога зборуваме за пеењето и за школите за пеење, денес има многу школи и многу луѓе си даваат за право нешто да наречат школа или себеси да се наречат ментори. Дали заборавивме што се ментори? Која е нивната функција, каде се наоѓаат и во какви установи? Многу работи сме измешале и сме ги побркале“, порача пејачката во поткастот „Сигурно место“.
Александра Радовиќ и самата беше дел од жирито на „Пинкови ѕвезди“, па одблизу знае како изгледа работата со натпреварувачите и колку е важно да се препознае вистинскиот талент.
Покрај успешната музичка кариера, таа е позната и по својата посветеност на образованието и усовршувањето на младите пејачи. Нејзините последни изјави повторно го отворија прашањето за тоа колку се важни стручноста, знаењето и вистинскиот пристап во музичката едукација.
