11.8 C
Скопје
20:38 - 3 април, 2026

Пике за разделбата со Шакира: „Ќе се фрлев од 6-ти кат“

Шакира и Жерар Пике објавија дека се разделуваат во јуни 2022 година.

Откако Шакира и Жерар Пике објавија дека повеќе нема да бидат заедно, разделбата е една од најозборуваните теми веќе година и пол.

Оттогаш пејачката се изразуваше за тоа низ што поминува на многу различни начини, особено со нејзината музика. Песната со аргентинскиот продуцент Бизарап, испрати јасна порака до поранешниот фудбалер и неговата сегашна девојка Клара Чиа, а стана голем хит ширум светот.

Сепак, поранешниот репрезентативец на Шпанија молчеше… до сега.

Сега Жерар Пике реши да го прекине молкот и да ја искоментира целата ситуација со бившата партнерка.

Во разговор со Жорди Басте на каталонската радио станица „Rac1“, Шпанецот зборува за сè што се случило со колумбиската пејачка.

инстаграм

„Луѓето не знаат десет проценти од она што навистина се случило“, рече Пике за нивната разделба и тврди дека „тие се базираат на информации кои во најголем дел не се реални“.

„Да давав важност на сè што се зборува за мене, ќе бев затворен во мојот стан или ќе се фрлев од шести кат“.

„Единствениот начин да се излезе од сето ова жив е едноставно игнорирање на сè“ – вели Пике.

Понатаму, Каталонецот исто така изјави дека сега не размислува за ништо друго освен за врската со сегашната партнерка Клара Чиа, за неговите професионални интереси и за одржување на личниот живот „приватен“.

Конечно, се што се случи по неговата разделба со Шакира го опиша како „циркус“, иако вели дека е свесен дека „тоа е дел од шоуто“ бидејќи е медиумска личност.

Слични објави

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.

Ни доаѓа многу моќен датум 4.4. – според нумерологијата носи пари, среќа и неочекувани можности

Т.Ц.

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ пристигна на Бали: „Ми дојде радоста!“

Еспресо

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.
Се вчитува....