16.8 C
Скопје
16:28 - 10 март, 2026

Пике е лут што неговите деца ќе почнат на училиште во Мајами овие денови: Еве кога се сели Шакира

По нивното раскинување во 2022 година, Шакира и Жерар Пике конечно ќе живеат во различни земји, бидејќи пејачката се сели во Мајами.

Иако првично остана во Барселона поради здравствените проблеми на нејзиниот татко, па потоа на нејзината мајка, Шакира сега ќе замине во САД и со себе ќе ги земе нивните деца Милан и Саша.

Според подкастот на Мамараците на Лаура Фа и Лорена Васкез, адвокатката на Шакира, Пилар Мане, во петокот го известила адвокатот на Пике Рамон Тамбореро дека таа засекогаш ја напушта Шпанија.

Според Лорена Васкез и Лаура Фа, селидбата ќе се случи за време на Велигденската недела, што значи дека Милан и Саша ќе започнат со настава во нивното ново училиште во Мајами на 11 април.

Повикувајќи се на извори блиски до Пике, Мамараците тврдат дека поранешниот играч на Барселона е изнервиран од оваа ситуација.

„Тој е многу лут затоа што му беше дадено многу малку време по известувањето“, се вели во  подкастот.

Тие додаваат дека покрај известувањето преку адвокатите, Шакира му телефонирала и на поранешниот партнер за да му каже дека децата се примени во ексклузивното училиште во Мајами Кантри Деј.

„Фудбалерот не се согласува со планот децата да си заминат сега и да не ја завршат тековната учебна година во Барселона“, додаваат новинарите.

Тоа што Шакира и нејзините деца заминуваат за Мајами за време на Велигденската недела не е случајно, а за тоа има две причини.

Едната причина е тоа што Колумбијката ќе го добие старателството над децата во текот на оваа недела, додека другата причина е што 11 април е датумот кога децата во САД се враќаат на училиште по пролетниот распуст.

Шакира пак, сака што поскоро да го започне новиот живот со своето семејство во САД.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ по скандалот со откажаниот концерт на Цецински: „Ние продолжуваме да шириме љубов“

Еспресо

(Фото) Еве како изгледа единствениот син на Тони Цетински: Живее далеку од Хрватска и има успешна кариера

Еспресо

„Ми се врати детето“: Луна Ѓогани конечно во прегратката на мајка ѝ и ќерките по драмата на Блискиот Исток

apostolova

Необична слика од Маја Панчева, пејачката изненади од рано наутро

msp-admin

Здравко Чолиќ ја бакна сопругата на Тарик Филиповиќ: Оваа приказна ја сподели Лејла за него

msp-admin

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо
Се вчитува....