7.8 C
Скопје
23:31 - 1 април, 2026

Пејачот на групата „Green Day“ се откажува од американско државјанство? Ја навредувал власта и Врховниот суд

Пејачот на групата „Green Day“ Били Џо Армстронг изјави дека ќе се откаже од американското државјанство и ќе се пресели во Англија бидејќи е многу вознемирен затоа што Врховниот суд ја поништил пресудата со која се легализираше правото на абортус пред 50 години низ целата земја.

Пејачот ја прокоментира својата одлука пред публиката на концертот во Лондон во петокот: „Америко, се откажувам од моето државјанство. Еб..о доаѓам овде“, изјави Армстронг.

„Има премногу глупости во светот за да се вратиме на тој мизерен изговор за државата. Не се шегувам. Ќе видите многу од мене во наредните денови“, додаде тој.

Армстронг продолжил да ја прозива Америка на настапот на групата во Хадерсфилд, Англија, следниот ден, пренесува „Дејли мејл“. Тој ги нарекол судиите „глупави кучки“ и рекол: „Е.и се Врховен суду на Америка“.

50-годишниот Армстронг е фронтмен на групата од 1987 година. Тој е меѓу бројните либерални познати личности кои изразија гнев поради одлуката на Врховниот суд да го отфрли случајот на Ро против Вејд. Пресудата ефикасно стави крај на признавањето на уставното право на абортус и им даде на поединечните држави овластување да ја дозволат, ограничат или забранат оваа практика целосно.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....