14:58 - 31 октомври, 2026

Пејачката Мијата прослави 19 години љубов со сопругот: Романтика на плажа со песна од Селин Дион

Пејачка Мијата (Наташа Мијат Крстевска) прослави 19 години брак со сопругот Златко Крстевски, а убавиот повод го одбележа со романтична објава на Инстаграм, од плажа на Кипар, каде што двојката ужива во заедничките моменти.
„19 години на господин Џек Даниелс и госпоѓа Џин-тоник“, напиша Мијата на англиски јазик, алудирајќи на нивните омилени пијалаци.
Сликата, таа ја објави со познатата љубовна песна „Pour que tu m’aimes encore“ од Селин Дион, чиј наслов во превод значи „За повторно да ме сакаш“.
Објавата е направена во хотелот „Dome Beach Hotel & Resort“, кој се наоѓа во Аја Напа, на Кипар, познат по песочните плажи и тиркизното море.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MIYATTA (@miyatta_of_macedonia)


Мијата со години е присутна на македонската музичка сцена и е препознатлива по својот силен специфичен вокал, авторскиот израз и емотивните песни. Покрај музичката кариера, таа работи како контролор на летање, професија која бара голема концентрација, одговорност и прецизност.
Мијата раскажа како со сопругот Златко Крстевски, кој е спортски новинар, успеваат да најдат време еден за друг покрај професионалните и семејните обврски.
„Тие такви блиц средби еден на еден ни помагаат да си припаднеме и да ја задржиме блискоста на едно поинакво ниво“, изјави пејачката, која со сопругот ги има синот Калин и ќерката Никита.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MIYATTA (@miyatta_of_macedonia)


Пред четири години, двојката ја прослави 15-годишнината од бракот на Исланд. Тогаш Мијата му посвети емотивна порака на сопругот: „Те сакам неизмерно, г-дине Крстевски“.

Слични објави

Улогата на Снежана Савиќ во „Подобар живот“ требало да ја добие оваа пејачка!

Еспресо

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.

(Фото) „Сине мој, мојот најголем благослов…“: Немања Гудељ сподели емотивна објава за синот Илијан

Еспресо

Греено вино за студените есенски вечери — едноставен рецепт што ќе ви го стопли домот

К.С.

Слоба Радановиќ ги прозва колегите: „Не ги пеат моите песни бидејќи им се тешки, подобро да не се мачат“

Е.А.

Хороскоп за 31 октомври: Ракови, ќе се посветите на семејните проекти

Еспресо
Се вчитува....