-1.2 C
Скопје
05:00 - 11 март, 2026

(Фото) Панчо му испеа автобиографска песна, и го напушти овој свет брзо по него

Пред неполна година, Панчо од „ДНК“ напиша срцепарателен статус за негов близок пријател кој почина на 1 ноември во 2024 година.

Станува збор за познатиот новинар Зоран Василевски, кој беше попознат како Зоки Фаци, кој почина по борба со ракот. Само една година потоа, и Владимир Блажев-Панчо го напушти овој свет, а овој статус открива многу за тоа каков човек беше тој.

– Денес нѐ напушти Зоки Фаци. Дојде денот кога нема да имаш повеќе болка. Жалам што си замина прерано и што Македонија дефинитивно го изгуби КРАЛОТ на таблоидното новинарсто.

Беше чиста и искрена душа, добар човек, пред сѐ. Беше едно големо дете полн со љубов и енергија. Оние кои лично не те познаваа нема да го споделат истото мислење со мене, но тоа е најмалку битно.

Твојата посветеност кон професијата знаеше да ти донесе и многу непријатели, но убеден сум дека многумина од оние со кои не си простивте пред да заминеш им е криво, но знам и дека ти веќе си им простил, во тоа беше твојата големина и разлика од останатите.

Сакале ние или не, твоето име нема кој не го знае, и старо и младо, а такво нешто треба да се заслужи со долгогодишна работа и труд.

Дефинитивно ќе фалиш како новинар, другар, пријател и пред сѐ, како човек, бидејќи сѐ помалку ги има…

Ќе те памтам по многу смеа, луди идеи и по тоа што на почетоците на нашата кариера секогаш си бил тука за „ДНК“ кога најмногу ни било потребно. Јас те викав Золе, ти мене Панчито и така беше до самиот крај. 

Сега одмарај таму горе каде што повеќе нема ништо да те боли, а ние нема да те жалиме, ќе славиме ќе пееме и ќе те споменуваме со секое пеење на „Стојам Сам“ бидејќи кога излезе песната ми се јави и ми кажа дека тоа е твоја автобиогравска.

Сочувство до семејството и фамилијата. Со почит, Панчо – стои во објавата која Панчо ја напиша за Зоки Фаци пред неполна година.

Фото/ Фејсбук

 

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....