15:24 - 16 јануари, 2026

Памела Андерсон пристигна во Србија: Ќе ѝ се придружи на екипата на филмот „Јужен ветер“, еве за каков хонорар

Памела Андерсон како дел од актерската екипа не е изненадување за оние кои го познаваат светот на филмот.

Прочуената глумица Памела Андерсон ќе глуми во третиот дел на филмот „Јужен ветар“.

Снимањето на продолжението започнува на лето, дознаваат српските медиуми.

Памела Андерсон како дел од актерската екипа не е изненадување за оние кои го познаваат светот на филмот, бидејќи оваа актерка ги има истите агенти како и нејзините колеги Ерик Робертс и Вилијам Болдвин, кои играа во втората сезона од серијата.

За ангажман на светските ѕвезди потребно е да се издвојат меѓу 50.000 и еден милион евра, пренесѕва српски „курир“, и се додава дека актерите потоа се платени не по ден на снимање туку за цела недела. Договорот вклучува пет дена снимање, генерална проба и прес-конференција.

Хонорарот на Памела Андерсон за поголема улога моментално не е повеќе од 100.000 евра неделно.

– Точно е дека во филмот ќе има голема ѕвезда. Не сакаме да го објавиме нејзиното име додека не почне снимањето – изјави за Курир продуцентката Татјана Жежељ Гојковиќ.

Авторите на популарната франшиза не сакаат да откријат што ќе следи во третиот дел од филмот во режија на Милош Аврамовиќ и позната актерска екипа меѓу кои Милош Биковиќ (Петар Мараш) и Миодраг Радоњиќ (Баќа) во главните улоги. .

Слични објави

Маја Маринковиќ наследила имот од 1.200.000 евра: Старлетата е вистинска богаташка, еве што поседува oд недвижнини

Еспресо

(Фото) Николија го одследила Реља на Инстаграм, ги спакувала куферите и отпатувала во Италија

Еспресо

Рале ја пријавил Ана Николиќ во полиција: Тропала на врата со раце и нозе

Еспресо

(Фото) Ни трага, ни глас од свршеникот: Тања Савиќ ужива во снежната идила, еве кој ѝ прави друштво

Еспресо

Мајка ѝ ја оставила на 5 години, а на пат кон погреб ѝ загинале двете сестри: Трагичната судбина на Јадранка Стојаковиќ

Еспресо

Мина Костиќ со емотивна исповед: „Зад мене е еден од најтешките периоди“

К.С.
Се вчитува....