6.8 C
Скопје
02:47 - 21 октомври, 2026

Овие близначиња дојдоа на свет од ембриони замрзнати пред три децении

Близнаци се родени во американската сојузна држава Тенеси од ембриони замрзнати пред повеќе од три децении, пренесува BBC.

Се верува дека станува збор за нов рекорд за најдолго замрзнати ембриони коишто резултирале со живородени деца. Биле сочувани на минус 128 Целзиусови степени во течен азот на 22-ри април 1992 година.

Рејчел Риџвеј, мајката на четири деца од Орегон, близнаците ги родила на 31-ви октомври годинава. Таткото, Филип Ридгвеј, изјавил дека тоа било „вџашувачки“.,

Близнаците Лидија Ен и Тимоти Роналд Риџвеј веројатно претставуваат нов рекорд, според Националниот центар за донација на ембриони (NEDC), приватна верска организација којашто вели дека помогнала во раѓањето на повеќе од 1.200 деца од донирани ембриони.

Претходната рекордерка на NEDC, Моли Џибсон, родена е во 2020 година, од ембрион кој бил замрзнат речиси 27 години.

„Одлуката за усвојување на овие ембриони би требало да ги успокои пациентите кои се прашуваат дали некој би сакал да усвои ембриони кои ги создале пред 5, 10 или 20 години.Тој одговор решително е – Да!“, изјавил докторот Џон Дејвид Гордон, кој го извршил преносот на ембрионите.

Ембрионите на близнаците биле за анонимна брачна двојка со помош на вештачко оплодување. Мажот бил во 50-те години, а донорката на јајце клетките имала 34 години.

Биле чувани во комора во лабораторија за плодност на Западниот брег на САД до 2007 година, кога двојката ги донирала на NEDC во Ноксвил, во државата Тенеси, за наместо нив да ги користи друга двојка.

Ембриолозите во клиниката „Southeastern Fertility“, партнерска на NEDC, го извеле одмрзнувањето и преносот во матката, претходно годинава. Во соопштението NEDC наведува дека оваа вест „ќе ги охрабри и другите и самите да ги искусат благословите на замрзнувањето ембриони“.

 

Слични објави

(Фото) Внуката на Драгана Мирковиќ го слави својот прв роденден – замокот во Австрија е обоен во розова боја

Еспресо

Овие песни се посветени на Ксенија Пајчин — малкумина знаат дека познатиот пејач ѝ беше брат, а раперот беше лудо вљубен во неа

E.A.

Гога Секулиќ се сели од Србија со синот: Поранешниот сопруг ѝ помага околу преселбата

Еспресо

(Фото) Во страстен занес со 14 години помладиот сопруг – Гоца Тржан и Раша уживаат во зајдисонцето на Маврициус

Еспресо

Тату-артистот Горан Миќиќ за борбата со ракот: „Ме оперираа осум и пол часа, да не беше жена ми, ќе паднев во тешка депресија“

К.С.

Јована Јеремиќ најави шокантни информации за Каспер: „Мина не е единствената жртва, има и други!“

Еспресо
Се вчитува....