08:51 - 12 март, 2026

Овации за Џоли и критики за Пит: Како јавноста ги прифати новите филмови на поранешната двојка

На филмскиот фестивал во Венеција, Анџелина Џоли го слави својот триумф откако филмот на Пабло Ларен, „Марија“, во кој ја толкуваше улогата на оперската дива Марија Калас, доби осумминутни овации од публиката, пишува Пипл. Слично беше пречекан и на филмскиот фестивал Телурид, каде актерката отиде по премиерата во Венеција.

Според неа, таа ја вложила целата своја душа во филмот.

„Имав седум месеци часови по опера, одлични учители и часови по италијански јазик и тим за поддршка… Знаев дека додека давам се од себе, Пабло ќе биде добро и филмот ќе успее. Знаев дека треба да направам се што е можно за да помогнам да се реши загатката, но знаев и дека тој е љубезен човек и дека ме поддржуваше, а тоа многу ми помогна“, признава Џоли.

По заминувањето на Џоли од Венеција, пристигна нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит. Имено, на Филмскиот фестивал во Венеција беше прикажан филмот „Волци“ со Бред Пит и Џорџ Клуни во главни улоги, филм што наиде на остри критики од критичарите. Актерите соработуваа за првпат по 2008 година, кога беше објавен филмот Burn After Reading.

Како и да е, новиот филм на Бред Пит и Клуни критичарите го нарекоа „ѓубре“, му дадоа една ѕвезда и си доби епитет на „неиздржлива комедија“.

Слични објави

Ужасни детали од несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Возачот на автомобилот кој го удрил е приведен

Еспресо

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.
Се вчитува....