3.8 C
Скопје
01:17 - 10 март, 2026

Ова е последната реченица што ја кажал Шабан пред смртта: Сопругата Гордана и денес го памети неговиот поглед – „Тогаш ме фати паника“

Поминаа точно седум години од смртта на кралот на народната музика Шабан Шаулиќ, а семејството, пријателите и обожавателите сè уште не можат да се помират со тоа дека го нема. Неговата сопруга Гордана неодамна откри детали од нивниот последен разговор.

Шабан го загуби животот во сообраќајна несреќа, а Гордана се присети на денот кога заминал на настап и откри дали на 17 февруари имало нешто поразлично кога го испраќала.

– Знам дека стигнав само до пола двор и го прегрнав. Го прашав: „Да не заборави нешто?“, а тој ми рече: „Ма не, не, само гледам“. Тоа „само гледам“ и тој поглед ми останаа засекогаш во глава – раскажа Гордана во емисијата „Из профила“.

Таа откри дека тој ден ја сменил авионската карта.

– Требаше да се врати преку Виена, како што обично правеше, но ја смени картата бидејќи имало само едно слободно место – директен лет од Дизелдорф. Му реков: „Имаш 160 километри од Билефелд до Дизелдорф, многу е рано“, а тој ми одговори: „Не можам веќе да се малтретирам преку Виена“. Сакаше што побрзо да тргне, не знам, како само да брзаше да заврши сè – се присети таа.

Гордана раскажа и за утрото кога почувствувала дека нешто не е во ред.

– Станав многу рано и почнав да го барам некаде околу десет до шест. Мислев дека веќе треба да тргне кон аеродром. Му ѕвони телефонот, ама не се јавува. Потоа го барам нашиот кум – и кај него ѕвони, ама никој не крева. Тогаш веќе ме фати паника. Не е нормално да не се јавува. Погледнав кога слетува авионот од Дизелдорф и ги гледам сите летови – интересно, само тој лет го немаше. Ја разбудив жената што тогаш работеше со авионски карти и ја прашав дали летот е откажан. Ѝ реков дека не можам да го добијам Шабан и дека сигурно требало веќе да биде на аеродром. Во тој хаос и лудило, одеднаш ми се појави порака на Вибер со слика од кумот … – раскажа Гордана.

Слични објави

Бројките не лажат: Водењето љубов наутро ги зголемува шансите за поголема плата и за напредување на работа

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца во бунда од природно крзно од 5.000 евра: Богдана Ражнатовиќ во Русија, не ја тргна насмевката покрај Вељко

Еспресо

(Фото) „Ми рече дека нема да доживеам 50 години“: Милиќ Вукашиновиќ се спротивставува на судбината и го слави животот, по ампутацијата на ногата

Еспресо

Познатиот пијанист ги демантираше гласините: „Не сум момче на Азис“

E.A.

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Анѓелка за 8 Март доби необично изненадување: Сопругот ја однесе на печење на пазар

E.A.
Се вчитува....