12.8 C
Скопје
18:01 - 3 април, 2026

Необично име: Откриено како ќе се вика третиот син на Вељко и Богдана Ражнатовиќ

Синот на српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, Вељко, и неговата сопруга Богдана Ражнатовиќ го чекаат третиот син, а родителите веќе избрале име за бебето.

Вељко и Богдана веќе имаат два сина, Жељко и Крстан, а третиот ќе се вика Илијан.

Нивното семејство неодамна стана побогато со новиот, четврти член на семејството, малиот Крстан, додека најстарото дете го носи името на покојниот татко на Вељко – Жељко.

Синот на Цеца Ражнатовиќ е бескрајно среќен што повторно ќе стане татко, бидејќи секогаш нагласувал дека сака многучлено семејство со најмалку пет деца.

Уште додека Богдана била бремена со вториот син, тие му го одбрале името – Крстан. Тој не ја променил својата одлука кога се родило момчето. Тогаш рекол дека и за третото дете има подготвено име.

– Да, секако дека ќе биде Крстан! Зошто би го променил? Ако добиеме и трет син, ќе се вика Лазар. Сите ќе бидат српски имиња. Некому ако не му се допаѓа, нека го смени каналот“, рекол Вељко.

Но, изгледа се предомислиле и се откажале од името Лазар. Бебето што го очекуваат Вељко и Богдана ќе се вика Илијан, ексклузивно дознава српски „Хелоу“! Ретко и необично име, кое најчесто се слуша во женската варијанта на Илијана.

 

 

 

 

 

Слични објави

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ пристигна на Бали: „Ми дојде радоста!“

Еспресо

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Раскинаа ли Јована Јеремиќ и Тигар? Водителката се огласи додека тој ужива во Грција: „Избери маж кој не бега кога е тешко, туку останува“

Еспресо

(Фото) На 62 изгледа неверојатно – Ел Макферсон сè уште воодушевува во долна облека!

Еспресо

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.
Се вчитува....