3.8 C
Скопје
03:20 - 25 декември, 2024

Откриено каде требала да пее Северина кога била „приведена“ на српска граница: На приватна забава на овој бизнисмен кој сега се правда

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ ја започна антисрпската пропаганда уште во 1993 година, кога пееше на собирите на ХДЗ на Туѓман. Подоцна најде изговори дека била принудена и немала право да каже „не“. Во 2009 година планирала да пее на прославата на 14-годишнината од  „Олуја“ во Книн, а кажала и дека сака во филмот да ја глуми Дуња, сопругата на Анте Готовина, додека го нарекува Ратко Младиќ Хитлер. Таа го нападна патријархот Порфириј за време на новогодишниот настап во Котор, а на толпата им порача да „не ја дава Црна Гора“, дедека српската нација ја нарече геноцидна., пренесува српска Република.

Поради овие изјави таа неодамна беше приведена на српската граница (на крајот на август годинава), каде полицијата ја испрашуваше. Српската полиција ја спроведе редовната постапка, како и за сите, чии изјави државни органи ги оценуваат како сомнителни. По разговорите со надлежните органи, на Северина ѝ бил дозволен влез во Србија, но таа самоиницијативно се вратила во Хрватска.

По скандалот на границата, хрватсата пејачка продолжи со срамни изјави, велејќи дека во Србија нема да дојде додека Вучиќ не се симне од власт, а потоа и цитираше песна од Балашвиќ „давно ти је враг засео на праг, земјо Србијо“.

Но дури сега се открива каде всушност сакала да стигне Северина во Србија тој ден. Како што дознава српска Република, таа имала договорено да пее на приватна прослава на директорот на компанијата Стефиал, Драган Руварац, инаку кум на деловниот партнер Дејан Станковиќ. Поради се што Северина изјавила за српскиот народ, Драган сепак одлучил да ја повика на прославата што никому не му било јасно.

Новинарите на српска Република стапиле во контакт со Драган, а тој почнал да се правда.

– Уште во јануари 2024 година се договоривме со хрватската компанија Глазбни програм за настапот на Северина на прославата на 25 август. Ги исполнивме сите нивни барања од Договорот. Во Договорот има член, доколку некоја страна откаже, да плати големи пенали. Во јуни ја споменавме оваа можност од наша страна, но другата договорна страна не упати на казни. Единственото откажување без казна е „виша сила“.

– Апсолутно веруваме дека задржувањето на Северина Вучковиќ на граница нешто повеќе од два часа е разбирливо и не е нешто што не се случува низ светот. По разговорот, на Северина и беше дозволен влез во Србија, што покажа дека сме демократска земја, што е заслуга на претседателот Вучиќ. Дали е ова случај со Хрватска, каде што беше уапсен нашиот адвокат, само затоа што пеел српски песни?! – вака се оправдувал бизнисменот.

– Северина не постапи професионално, бидејќи не дојде на дневна проба, како што стои во договорот. Трганала доцна, книп. Што ако ѝ се дупнела гума, застој на патот, граница… А потоа се повикала на „виша сила“, и фала богу никаде не видовме земјотрес, поплави, пожар… Туку,  според Северина, виновна е „недемократската Србија на Вучиќ“. Нашиот претседател Вучиќ на сето ова ја покажа својата големина, реагираше како светски политичар, достоинствено како и секогаш, заштитувајќи ја пред се Србија, иако овојпат некој незаслужено правеше ПР на негова сметка, оцрнувајќи го него и нашата држава.

– Северина доброволно се врати и тоа беше нејзин избор, но ги заборави професионалните обврски. Покрај тоа што ги врати парите, таа не плати никакви пенали, иако за тоа имаше основа според Договорот. Размислувавме да одиме до крај, ако добиевме отштета, бевме подготвени да ги донираме сите тие пари во хуманитарни цели, што често го правиме. На крајот само покажавме дека ние Србите сме отворен, толерантен народ – продолжува бизнисменот.

Слични објави

Харис Џиновиќ ја отвори душата: „На полноќ ќе испратам порака до мојата драга девојка која…“

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во станот на Лидија Вукичевиќ во кој вложи 200.000 евра: Книги, камин среде собата, новогодишни украси…

Еспресо

(Фото) Од сончевиот Мајами во снежна Србија: Српската старлета со метла го чистеше луксузниот автомобил

Еспресо

Вељко Ражнатовиќ врие од бес, итно му треба помош: „Пријави ја будалата“

Еспресо

(Фото) „Среќен Божиќ на онколошките пациенти“: Ведрана Рудан честиташе, а покажа и кој ѝ прави друштво

Еспресо

(Фото) Брена му седна во скутот на Боба, тој ја држи со раце и не ја пушта: „Бакни ме“

Еспресо
Се вчитува....