-1.2 C
Скопје
05:24 - 11 март, 2026

Откриен нов вирус од животинско потекло во Кина: заразени 35 лица, сличен но поопасен од Ковид-19

Оваа вирусна инфекција, како што е прикажано во студијата спроведена од научници од Кина и Сингапур, предизвикува симптоми како треска, замор, кашлица, но може да ја наруши и функцијата на црниот дроб и бубрезите.

Нов вирус зарази 35 лица во Кина, во провинциите Шандонг (источна Кина) и Хенан (средна Кина).

Тој се нарекува Лангија (Langya) вирус (LayV), од родот хенипавирус (henipavirus), и беше идентификуван во брисевите од грлото благодарение на метагеномската анализа, а потоа и на изолацијата на патогенот.

Оваа инфекција, како што покажа студијата спроведена од научници од Кина и Сингапур и објавена во New England Journal of Medicine, може да потекнува од животни и да предизвика симптоми како треска, замор, кашлица, но може да ја загрози и функцијата на црниот дроб и бубрезите.

Во моментов нема вакцина или третман за хенипавирус, единствената терапија е справување со компликациите.

Родот хенипавирус може да предизвика сериозни болести кај животните и луѓето: тие се класифицирани како вируси на ниво на биосигурност 4 со стапка на смртност која се движи помеѓу 40 и 75%, според податоците на Светската здравствена организација, стапка на смртност многу повисока од онаа на коронавирусот.

 

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....