15:31 - 13 април, 2026

Отако ја претепал партнерот, Ава Карабатиќ откри дека е бремена

Поранешната ријалити учесничка Ава Карабатиќ била примена во Ургентниот центар откако, според наводи, нејзиниот поранешен вереник ја претепал. Подоцна таа изјавила дека е бремена.

Според српските медиуми, старлетата задобила тешки повреди, а Итната помош ја повикале вработени од козметички салон што таа го посетувала, по што била пренесена во болница.

Таа потоа се огласила за медиумите и зборувала за настанот.

„Точно е дека сум претепана. Но животот е една голема борба. Се случи она што требаше да се случи. Цел ден го поминав во Ургентниот центар… Лицето ми е отечено од едната страна, но животот продолжува“, изјавила таа.

Карабатиќ потоа навела дека конфликтот со нејзиниот партнер Л.З. настанал поради љубомора, и ја споменала бременоста.

„Ова се случува кога некој е љубоморен без оправдани причини… сепак, не сакам да го оцрнам мажот кој ми направи дете. Бремена сум две и пол недели. Но сега ќе излезам посилна од кога било и подготвена сум за нова љубов“, изјавила таа.

Слични објави

Тридневна детокс диета за прочистување на црниот дроб, желудникот и целиот организам

Т.Ц.

Миљана Кулиќ скршена на Велигден: „Одам да ја погребам“

Еспресо

Неделен хороскоп: Големи одлуки, нови шанси и неочекувани средби

Т.Ц.

„Никој не ја жали, мисли дека е најпаметна“: Блејк Лајвли важи за „тешка соработничка“

Т.Ц.

Едита Арадиновиќ доживеа вистински хаос во клуб – на бремената пејачка ѝ бил испрскан солзавец, па настапот бил прекинат

Еспресо

(Видео) Цеца Ражнатовиќ подготви богата велигденска трпеза – пејачката ја покажа семејната атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо
Се вчитува....