15:41 - 5 декември, 2025

Оскар 2022 година, не го видовме Зеленски „во живо“: Дали Шон Пен навистина сега ќе ги запали своите два Оскари?

Освен едноминутното молчење за почит за жртвите во Укрина, страшната ситуација во Украина не ја „поремети“ церемонијата Оксари. Пред се, претседателот Зеленски не се појави на видео врска „во живо“.

Шон Пен силно се заложи претседателот на украинската држава да се појави во видео врска со вечерта на настанот Оскари. Пред церемонијата, тој изјави за Си-Ен-Ен дека се надева дека „ќе има бојкот и напуштање на церемонијата. Украина е врвот на копјето на борбата за соништата за демократија. Ако ја оставиме да се бори сама, ја губиме душата на Америка“.

Актерот и режисер, кој неодамна беше во Украина – и од која мораше да побегне кога избувна војната – за да сними документарен филм – исто така се закани дека ќе ги „запали јавно“ неговите Оскари, освоени за најдобар актер за филмот Мистична река во 2003 година и Млеко во 2008 година.

За неговото присуство во Украина, на Фејсбук му се заблагодари и самиот Зеленски. „Шон Пен ја покажа храброста што им недостасува на многу други, вклучително и на западните политичари“, напиша украинскиот претседател. „Колку повеќе луѓе има како него, вистински пријатели на Украина, кои ја поддржуваат борбата за слобода, толку побрзо ќе биде можно да се запре воениот напад од Русија“.

Академијата „не може да направи ништо подобро од тоа да му даде простор на претседателот Зеленски, простор што го заслужува, дозволувајќи му да им каже на сите што се случува во Украина“, рече Шон Пен пред Оскарите. И подоцна додаде, „Слушнав дека е одлучено да не се дозволи неговото појавување на доделувањето. Сметам дека е навистина ужасен избор, најнискиот момент во целата историја на Холивуд“.

Сега треба да видиме дали Пен ќе си го одржи зборот и навистина ќе ги запали своите статуетки во знак на протест.

Многумина зборуваат, а доследноста на зборот е резервирана само за малкумина.

 

Слични објави

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо
Се вчитува....