22.8 C
Скопје
16:51 - 29 септември, 2026

Оливија Мун откри дека се бори со рак на дојка: „Имав четири операции, немав време да плачам“

Популарната актерка Оливија Мун објави дека ѝ е дијагностициран рак на дојка, поради што во изминатите десет месеци имала дури четири операции!

Популарната актерка и ѕвезда на филмовите „X-Men: Apocalypse“ и „Iron Man 2“, која со години важеше за една од најубавите природни убавици во Холивуд, со своите следбеници на социјалните мрежи ги сподели деталите од нејзината тешка битка со опасната болест.

„Во февруари, со желба да бидам поактивна за моето здравје, направив генетски тест кој проверува 90 гени за рак. Тој беше негативен на сè, вклучувајќи го и BRCA (најчестиот ген за рак на дојка). А и сестра ми Сара беше негативна“, започна актерката и додаде:

„Истата зима имав негативен мамограф. Два месеци подоцна ми беше дијагностициран рак на дојка“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by o l i v i a (@oliviamunn)

„Во изминатите десет месеци имав четири операции, поминав толку многу денови во кревет што не можам ни да избројам и научив повеќе за ракот, лекувањето на ракот и хормоните отколку што можев да замислам“, напиша Оливија во нејзиниот емотивен пост посветен на нејзината здравствена состојба и продолжи:

инстаграм

„Изненадувачки, плачев само двапати. Претпоставувам дека немав време за плачење. Мојот фокус се намали и ги истиснав сите емоции за кои чувствував дека ќе ми попречат да останам со бистра глава. Сакав да им дозволам на луѓето да ме видат кога имам енергија, кога можам да се облечам и да ја напуштам куќата, кога можам да го однесам моето дете во парк. Дијагнозата, негата и лековите за закрепнување, како и болката ги чував во тајност. Морав да земам здив и да поминам низ некои од најтешките делови пред да ги споделам деталите за мојот здравствен проблем“, напиша искрено глумицата.

инстаграм

 

Слични објави

(Фото) Семејна идила – Тања Савиќ ужива со Муки, братот и снаата во Белград

Еспресо

„Ќе заминам на планина и повеќе нема да ме видите“: Адам Адактaр ги изненади сите

Е.А.

(Фото) Моделот Елена Ѓорговска „растури“ на Октоберфест — во баварска носија наздрави со пиво наместо со шампањ

Еспресо

Кеба за првпат проговори за обвинувањата и местенките во „Ѕвездите на Гранд“

Е.А.

(Фото) Ева Нединковска се омажи за саканиот Филип — ќерка ѝ Ена во бел фустан покрај мајка си

Еспресо

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.
Се вчитува....