7.8 C
Скопје
22:11 - 1 април, 2026

Од кујната на Давор Панчевски: Рецепт за Павлова (Пуслица) торта

Со доаѓањето на летната сезона сите сакаме нешто свежо и не премногу калорично. Павловата торта со јагоди за мене е идеалниот десерт за жешките денови.

фото – приватна архива

Се подготвува едноставно, а изгледа мошне префинето и примамливо за око. Супер спој на јагоди, шлаг пена и воздушеста пуслица.

Потребни состојки:

7 јајца на собна температура

400 г шеќер

прстофат сол

1 пакетче ванилин шеќер

За филот:

3 кесички за шлаг крема

375 мл млеко

свежи јагоди за декорација

Најпрво, во длабок сад започнете да ги матите белките со прстофат сол. Постепено додавајте го шеќерот постојано матејќи со миксерот. Додајте го и ванилиниот шеќер и матете околу 20 минути непрекинато. Ќе знаете дека белките се добро изматени кога ќе земете од нив низ прсти и повеќе нема да ги чуствувате зрнцата шеќер и кога шамот ќе стои цврсто кога ќе го превртите садот.

Изматените белки префрлете ги во тавче обложено со хартија за печење. Со помош на шпатула оформете ја Павлова тортата по желба и ставете ја во веќе загреана рерна на 95 степени околу 1 час и 15 минути. КОга тоа време ќе помине потребно е да не ја отварате рерната уште дополнителни 30-40 минути за да не распука тортата.

Кога пуслицата ќе биде комплетно изладена, нанесете изматена шлаг крема и декорирајте со свежи јагоди и гранчиња свежо нане.

фото – приватна архива

Забавно готвење!

Слични објави

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо
Се вчитува....