5.8 C
Скопје
02:11 - 1 април, 2026

Oбразована, убава, слободоумна, храбра и им пркоси на строгите правила на земјата во која е родена

Таа обиколи над 70 земји како потпретседател на Фондацијата Ал-Валид бин Талал, управувана од нејзиниот поранешен сопруг принцот Алвалид Бин Талал.

Саудиската принцеза Амира ал-Тавил е образована, убава, слободоумна, храбра и им пркоси на строгите правила на земјата во која е родена. Се образувала на Запад, вози автомобил, што не е вообичаено за жените во тој дел од светот, се разведе од 32 години постариот принц, а неодамна се омажи за млад милијардер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nesreen (@makeupnesreen)

Принцезата Амира (38) е вклучена во хуманитарна работа во Саудиска Арабија, но и ширум светот.

Таа обиколи над 70 земји како потпретседател на Фондацијата Ал-Валид бин Талал, управувана од нејзиниот поранешен сопруг принцот Алвалид Бин Талал.

Таа се омажи за него на 29 април 2011 година и се запознаа кога таа правеше интервју за училишен весник како 18-годишно девојче.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @lifestyle_with_class

Неговото богатство се проценува на над 30 милијарди долари. Се шпекулираше дека Амира е во врска со убав Британец на нејзина возраст и дека родила вонбрачно дете, но овие тврдења не се докажани.

По две години брак, во 2013 година, Амира се разведе од принцот Алвалид бин Талал со што им испрати порака на младите жени да бидат водени од своето срце и да се угледаат на неа доколку не се среќни во бракот.

Инаку, и мајката на Амира своевремено се разведе од сопругот, па затоа Амира порасна со неа и нејзината баба во Ријад.

Принцезата дипломираше деловна администрација на Универзитетот Њу Хевн во САД, а денес, пред сè, е позната како светски филантроп. Нејзината цел е да го подобри имиџот на Саудијките во светот.

Пред две години, Амира направи свадба од бајките во Кан на Азурниот брег. Тогаш се омажи за Калифот Ал Мухаири, кој е седмиот најбогат бизнисмен во Обединетите Арапски Емирати.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....