11.8 C
Скопје
21:07 - 13 март, 2026

Објавени се симптомите кои можат да се јават по примање на руската вакцина „Спутник V”

EPA EFE

Жителите на Москва, кои веќе почнаа да се вакцинираат со руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“, добиваат потврда за вакцинирање и упатство за пациентите со список на симптомите кои можат да се појават после вакцинацијата, со совети како да се постапи во такви случаи.

Во упатството се наведува дека секој десетти човек, вакциниран со вакцината „Спутник V“ може да почуствува слабост или мачнина.

Во повеќето случаи, вакцинацијата добро се поднесува, а ако се јави физичка слабост, нема причина за загриженост – тоа е нормална индивидуална реакција на организмот и еден од знаците за формирање на имунитет, пишува „Спутник“.

Оние кај кои веднаш после вакцинирање се јавува слабост, замор или мачнина се советуваат да ја намалат физичката активност и повеќе да одмораат.

Во упатството се истакнува дека кај 5,7 од вакцинираните може да се јави болка во коските, треска, главоболка или температура повиска од 37 степени.

„Во случај телесната температура да е над 38 степени се препорачува земање на таблети за спуштање на температура и против болки (парацетамол или ибупрофен), а доколку температурата е над 39 степени и не се спушта во рок од четири часа по земање на лековите, неопходно е да се јавите на доктор“, се додава во упатството.

Кај 4.7 отсто од вакцинираните се јавува болка, оток и црвенило на местото на вакцинирање.

По правило лекување не е потребно, но може да се земе лек против алергија за да се намали отокот и чувството на непријатност.
Еден и пол отсто од вакцинираните може да имаат затнат нос или чувство на гребење во грлото и на нив им се советува да пијат многу течности и да користат спреј за нос. Кај помалку од еден отсто од пациентите може да дојде до забрзување на пулсот или покачен притисок.

Вакцината „Спутник V“ која ја произведува Научно-истражувачкиот институт „Гамалеја“ во соработка со рускиот фонд за директни инвестиции на 11 август доби потврда за регистрација од Министерството за здравство на Русија, со што стана првата регистрирана вакцина против коронавирус во светот.

Слични објави

Нивес Целзијус откри дали била љубовница на поранешен „Ватрен“: „Во приказната беше вмешана и една Северина“

Е.А.

Последна информација за состојбата на Зорица Брунцлик: Откриени најновите вести по операцијата 

Е.А.

„Вози Мишко“: Стигнале понуди за автобусот од култниот филм, сопственикот засега не прифаќа ниту една

Еспресо

Ѓани е итно опериран, вградени му се пет стентови: „Резултатите не беа добри“

Еспресо

Пукна љубовта меѓу светскиот шампион во Формула 1, Ландо Норис и атрактивната португалска глумица

Еспресо

„Ставете му микрофон со него“: Дарко Лазиќ со скршено срце го испрати братот Драган на вечниот починок

Еспресо
Се вчитува....