10.8 C
Скопје
22:52 - 3 април, 2026

Обид на кибер шпионажа поврзан со вакцината против коронавирусот, ФБИ бил вклучен во одбраната

Безбедносните служби на компанијата ИБМ открија обид за кибер шпионажа преку мејлови кои служеле да се соберат важни информации за начинот на дистрибуција на вакцината против коронавирусот, а ФБИ бил вклучен во одбраната.

Истражувачите рекоа дека не се сигурни кој стои зад нападите, кои започнаа во септември, и дали се успешни, но додадоа дека прецизноста на нападот и претпазливоста да не остават траги зборува за потенцијалните обележја на одредени земји, се наведува во блогот на истражувачкиот тим.

Нападите се извршени во земји како Германија, Италија, Јужна Кореја и Тајван и се верува дека се поврзани со развивање „ладен синџир” неопходен за да се обезбеди вакцините да бидат ефикасни, затоа што им се потребни ниски температури.
„Станува збор за пазар од речиси три милијарди луѓе, кои живеат во области каде што нема доволно ресурси за складирање вакцини на екстремно ниски температури”, додава ИБМ.

– Во Америка, ФБИ соработуваше со други федерални агенции за да се обезбеди сигурен развој на вакцината и испорака, рече Тонија Угорец, заменик при кибер одделот во ФБИ.

– Целта е да се одбијат не само кибер заканите, туку и да се запре традиционалната шпионажа од луѓе кои сакаат да украдат интелектуална сопственост и да профитираат од неа, или да и помогнат на друга држава, како и да ја нарушат довербата на САД во напорите да направат ефикасна вакцина, рече Угорец.

Слични објави

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо
Се вчитува....